За нас
Уште од самиот почеток се фокусира на трговија со техничка опрема и за брзо време гради успешна бизнис платформа, пред се’ во принтинг сегментот.
Како признание за својот успех, во 1996-та година Минолта ја препознава за свој дистрибутивен партнер на територијата на Македонија за сегментите фото-видео и принтинг сегментот. Во овој период фокусот е несомнено насочен кон принтинг сегментот кој тогаш претставува доста значаен сегмент од делокругот на Еви Интернатионал Траде. Воедно тоа го означува и периодот на почеток на работа со колор сегментот на копири.
Историјат
Овој потег означува процес на евалуација, систематиза ција и организација на севкупното работење по однапред утврдени процеси и процедури кој континуирано се надградува и проширува, за да го следи флуидот на модерните бизнис потреби. Во исто време тоа подразбира и промени во системот на работа на сервисниот центар, каде се воведува и on-line пријавување на проблеми и технички грешки.
Со наговестувањето на светската економска криза, решивме стратешки да дадеме поголема поддршка на пост продажниот сегмент, со акцент на сервисот. Поддршката се состоеше во позадинска софтверска комуникација на сервисерите со техничко лице кое има пристап до сите технички ресурси, односно може да понуди on-site поддршка преку VPN комуникација директно кај клиентот. На тој начин покрај зголемувањето на ефикасноста, позитивно се влијаеше на намалувањето на трошоците, што беше особено важно.
Паралелно фокусот во продажбата го насочивме главно на колор сегментот, за кој сега имавме поволни услови да ги опслужиме и најпребирливите клиенти (дигитал принт сегментот), а политиката на Konica Minolta за пристапни цени во средниот и високиот сегмент, овозможија волуменот на колор отпечатоци да се изедначи со оној со црно-бела, односно во бројки околу 70% од приходот, надминувајќи ги таргетите кои ни беа поставени.
Еви Интернатионал Траде останува до својата определба, доследно и професионално да ги опслужува своите клиенти и е единствена компанија која работи единствено принтинг сегмент.
Наши клиенти
Соработници