SafeQ софтвер за напредно централно менаџирање, безбедност на податоците и работни процеси
Благодарејќи на целосната интеграција со bizhub Open Platform Firmware SafeQ практично претставува следниот чекор во развојот на мултифункциските апарати, правејќи ги паметни машини.
Најновата верзија на софтверот нуди различни типови на интеграција, а на највисоко ниво може да претставува систем од серверски кластери кои што интегрираат и опслужуваат интернационални компании со повеќе од 100.000 мултифункциски апарати.
Workflow Solutions platform е најновиот развој на компанијата YSoft кој се фокусира на делот за електронска обработка на хартиените документи. Истата има напредна автоматизација и приклучоци (plug ins) за актуелни софтверски решенија.
Be3D – печатари
3D печатари кои што работат на принцип на филаменти. Покрај интеграцијата со софтверот на компанијата апаратите имаат и своја софтверска платформа за печатење која ветува едноставен (школски) пристап кон производството.