Еви Интернатионал Траде – Скопје
Со цел поголема логистичка организираност Еви Интернатионал Траде – Скопје користи повеќе типови на вградени или алатки од трети лица за дојава на превентивни и сервисни дојави за апаратите од својата флота.
Зависно од бројот на апаратите, достапните опции во самиот апарат и нивото на договорено одржување, во можност сме да ви ги понудиме следните опции за напредно набљудување:
Web набљудување со PrintFleet сервисот
Детален приказ и предвидување за крајот на животот на потрошниот материјал, напредна историја на проблемите со апаратот и можност за автоматска дојава, лесен табеларен пристап и напредни извештаи.
Не бара инсталација на сервер, но има потреба од апликација која би работела во позадина на Windows платформа. Податоците ги собира преку SNMP протоколот, но врши и сопствена обработка на истите пред да ги прикаже.
Апликацијата работи со Konica Minolta и OKI уредите.
Софтвер за дојава Konica Minolta Page Scope Enterprise Suite
За разлика од претходниот модел, ова е апликација која побарува сопствена Windows Server околина каде се инсталира. Во својата основна верзија нуди основен систем за централно менаџирање и дојава, а во напредните опции кои се наплатуваат се нуди по напредно ниво на централно менаџирање. Како и претходната алатка податоците ги собира преку SMNP протоколот, но во помал број. Известувањето е исклучиво преку е-пошта, но поседува и извесна база за повикување на историја.
Софтвер за дојава Konica Minolta Page Scope Web
Зависно од типот на апаратот, истиот може да поседува и сопствена опција за дојава која може да се подеси преку интегрираниот WEB сервер на апаратот.
Информациите се оскудни и зависат од состојбата на апаратот, бараат дополнителна обработка и интерпретација.
OPS Cloud апликацијата на Konica Minolta е специфична по тоа што не побарува никаква компјутерска поддршка кај клиентот. Во сржта го користи вградениот систем за дојава во апаратите, што значи дека генерално зависно од типот на апаратот оваа опција може да е достапна или не.
Поврзаноста е директна со WEB сервер платформа каде преку заштитен WebDAV протокол, e-пошта или преку GPRS модем апаратот праќа известувања за неговата состојба до базата која се ажурира.
Системот овозможува делегирање на одговорно лице (личен сервисер или лична техничка поддршка) со можност за директно Real Time поврзување со апаратот (побарува интернет врска и подесување).
Со ваков пристап технички компетентно лице може да пристапи до вашиот апарат за миг за да ја утврди или целосно реши состојбата со апаратот.
OKI Pprint Supervision
Апликација која не побарува сервеска платформа, но побарува Windows околина и работи генерално во позадина. Не поседува сопствена база и има за цел да ги делегира информациите од OKI поддржаните апарати да ги препраќа по е-пошта до администраторот.
Информациите кои што ги дојавува се основни и се однесуваат на потрошниот материјал и бројчаникот.